Економија Кристалина Георгиева е назначена за главен и извршен директор на Светска банка

Кристалина Георгиева е назначена за главен и извршен директор на Светска банка

Поранешната еврокомесарка за хуманитарна помош и за вонредни ситуации, Кристалина Георгиевa, денеска е назначена за главен извршен директор на Светска банка.

– Европската комесарка за буџет на ЕУ и потпретседателката на Европската комисија, Кристалина Георгиева од Бугарија, поднесе оставка на таа функција во Брисел за да стане извршен директор на Светска банка – се наведува во соопштението на Комисијата, а пренесуваат светските агенции.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјавил дека со жалење ја прифатил одлуката на Георгиева да поднесе оставка во Европска комисија.

Георгиева беше и кандидат за генерален секретар на ОН.