Свет Кремљ ја оцени одлуката на САД за „Раша тудеј“ како непријателски чекор

Кремљ ја оцени одлуката на САД за „Раша тудеј“ како непријателски чекор

Одлуката на Вашингтон да ги повлече акредитациите на новинарите на руската агенција „Раша тудеј“ за пристап во Конгресот на САД, поради нејзиниот статус на „странски агент“, е непријателски чекор, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е длабоко разочарана од ваквата одлука на Вашингтон и додаде дека рускиот парламент може „емотивно да одговори“ на новите рестрикции во САД кон оваа руска медиумска куќа.

„Раша тудеј“ синоќа објави писмо од извршната Комисија за радиска и телевизиска галерија на дописници во Конгресот, во кое се наведува дека се повлечени акредитациите поради прогласување на телевизијата „Раша тудеј“ за „странски агент“.

Одлуката да ја прогласат „Раша тудеј“ за „странски агент“, според Вашингтон, е одговор на обидите на Русија да се вмеша во претседателските избори во САД минатата година, обвинувања кои Москва повеќепати ги негираше.

Како контрамерка, Русија донесе закон кој овозможува американските и другите странски медиуми официјално да бидат прогласени за „странски агенти“.