Свет Балкан Кредиторите утре ќе ги разгледаат предлог-мерките на Грција

Кредиторите утре ќе ги разгледаат предлог-мерките на Грција

Претставниците на Грција и меѓународните кредитори утре ќе ги разгледуваат нацрт-реформите за кои Атина се надева дека ќе бидат одобрени и ќе овозможат пуштање на неопходните заеми.

Нацртот би требало да опфаќа мерки кои ги предложи министерот за финансии, Јанис Варуфакис, за време на преговорите со кредиторите, кои се одолжија повеќе од три месеци и предизвикаа страв дека Грција нема навреме да го добие заемот за да го избегне банкротот.

Премиерот Алексис Ципрас неделава рече дека договорот ќе биде постигнат до 9 мај, односно со следниот состанок на министрите за финансии на еврозоната закажан за 11 мај.

Конкретната содржина на предложените мерки не е објавена, но се очекува да бидат опфатени реформите за даночниот систем. Атина се надева дека ќе биде доволно кредиторите да одобрат пуштање на последните 7,2 милијарди евра од пакетот помош од 240 милијарди евра.