Хроника Краделе во куќи и во станови во Охрид

Краделе во куќи и во станови во Охрид

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (41) од битолското село Велушина и М.С. (53) од струшкото село Ливада, кои ги товари за осум тешки кражби.

Пријавените, во текот на минатиот месец, кражбите ги извршиле во неколку деловни објекти, куќи и станови во Охрид, како и во две цркви во Косел и во Лескоец. На тој начин, М.А. и М.С. стекнале противправна имотна корист од 429.900 денари.

При извршувањето на кражбите, пријавените користеле хебла, клешти, метални ножици за сечење арматура и друг соодветен алат со кои ги кршеле бравите и катинарите од влезните врати на неколку земјоделски аптеки, продавници и домови во Охрид. На ист начин насилно влегле во црквата „Св.Илија“ во селото Косел и во „Св. Наум“ во Лескоец.