Главна секција Коѕиас во Скопје на средби со Заев, Димитров, Џафери и Османи

Коѕиас во Скопје на средби со Заев, Димитров, Џафери и Османи

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас вчера доцна попладне пристигна во официјална посета на Македонија слетувајќи на меѓународниот аеродром Скопје на кој македонската влада неодамна му го промени името од „Александар Велики“. Ова е првпат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

Коѕиас утрово ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по што двајцата министри ќе имаат заедничка прес-конференција.

Потоа, Коѕиас ќе има средба со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

За време на средбите се очекува да стане збор за позициите на двете земји во врска со нацрт-договорите за решавање на спорот за името. На 30 март министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција ќе се сретнат во Виена, заедно со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

Посетата на Коѕиас се одржува на покана на македонскиот министер за надворешни работи.