Македонија Коѕиас: Нимиц ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три-четири...

Коѕиас: Нимиц ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три-четири седмици

Посредникот од ОН во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ќе се сретне со преговарачите од двете земји за три до четири седмици, најавил во четвртокот грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, на двочасовниот брифинг со уредниците за надворешна политика во грчките медиуми, известува грчкиот „Њусбомб“.

Во поглед на спорот, Коѕиас рекол дека е дојдено времето за компромис, а не време на победници и на поразени. Коѕиас смета дека би било добро решението да се донесе во првата половина на следната година. Тој посочил дека мора да се сфати оти Грција не сака соседната земја да престане на постои.

Посочувајќи дека новата власт во „Скопје“ е поподготвена за компромис и за постигнување договор од претходната, Коѕиас нагласил дека грчката страна има решение што би го издржало тестот на времето, а не би навредило никого и би било прифатливо од двете страни, вклучително и од граѓаните.