Македонија Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, македонскиот...

Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа

Фото: Фејсбук профил на премиерот Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денес се огласи во јавноста за да ги демантира, како што нагласи, лагите и шпекулациите во врска со францускиот предлог и порачува дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија, без никакви фусноти и дополнувања.

„Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог. Сакам да бидам кристално јасен: македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со сите други јазици во Европа со овој предлог. Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија. Нема никакви фусноти и дополнувања, тоа се лаги“, напиша Ковачевски на својот Фејсбук профил.

„Нашата стратегија и план даде резултат, имаме нов предлог кој ги штити нашите стратешки и национални интереси. И во предлогот и во преговорите, нема да дозволиме тие да бидат загрозени“, наведе Ковачевски.

Османи: Добивме чиста формулација за македонскиот јазик, без никакви додавки