Македонија Коцијанчич: Европската комисија ги осудува заканите кон новинарите

Коцијанчич: Европската комисија ги осудува заканите кон новинарите

Европската комисија им дава голема важност на слободата на изразувањето и на слободата на медиумите, изјави Маја Коцијанчич, одговарајќи на новинарско прашање за вчерашните наводни закани од опозицијата кон новинари блиски до власта.

Коцијанчич потсети дека во извештајот за напредокот за Македонија се осудува заканувањето и застрашувањето на новинарите од кого било.

– Тоа е наведено и во препораките за Македонија, каде Комисијата ги охрабрува сите, особено Владата и медиумите, да работат понапорно за подобрување на медиумската култура во земјата – рече Коцијанчич.