Свет Балкан Косовската полиција во состојба на готовност поради Шешељ

Косовската полиција во состојба на готовност поради Шешељ

Косовската полиција е во состојба на готовност по најавата на Воислав Шешељ, лидерот на Српската радикална партија, дека ќе го посети северот на Косово во рамки на предизборната кампања, соопшти портпаролот на полицијата на Косово, Даут Хоџа.

– Полицијата на Косово, врз основа на одлуката на државните власти на Република Косово, во овој случај Министерството за надворешни работи, ќе ги преземе сите потребни мерки во согласност со законските обврски – изјави Хоџа.

Тој рече дека граничната полиција ќе реагира и ќе го спречи Шешељ во случај да се обиде да го мине граничниот премин, а доколку во Косово влезе илегално, ќе биде уапсен.
Косово претходно го прогласи Шешељ за персона нон грата.