Свет Балкан Косовската опозиција повторно фрли солзавец во собранието

Косовската опозиција повторно фрли солзавец во собранието

Косовската опозиција со солзавец прекина уште една редовна седница на собранието на Косово.

Откако Аљи Бериша положи заклетва за нов пратеник, на местото на лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој претходно поднесе оставка, опозиционерите почнаа со раце да удираат по маса, а потоа активираа солзавец.

Прогласена е 10-минутна пауза.