Свет Балкан Косово: Тензична ситуација на улиците на Приштина

Косово: Тензична ситуација на улиците на Приштина

Напната е ситуацијата на улиците на Приштина откако приврзаниците на опозицијата со боја и со камења ја нападнаа зградата на собранието, а со контејнери за ѓубре блокираа една од главните улици во центарот на градот.

Ситуацијата настана по суспендирањето на одредени пратеници на опозицијата од работата на денешната пленарна седница, што следуваше по активирањето на солзавец во главната собраниска сала и на состанокот на претседателството на оваа институција.

Седницата е во тек и се одвива во друга сала на собраниската зграда.

Специјалните полициски сили се распоредени на улиците на Приштина и на главниот плоштад Мајка Тереза.