Свет Балкан Косово поплавено од поројни дождови

Косово поплавено од поројни дождови

Поројни дождови предизвикаа поплави во речиси сите општини во Косово, а најтешка е ситуацијата во општините Малишево, Сува Река, Глоговац и Ѓаковица.

Човечки жртви нема, но штетите од поплавите се големи.

Претседателката Атифете Јахјага разговараше синоќа по телефон со градоначалниците на загрозените општини и се интересираше за мерките преземени за спречување потешки последици.

Премиерот Иса Мустафа побарал од надлежните служби да се координираат со општинските власти, за да бидат преземени сите мерки и да се ангажираат сите капацитети за надминување на ситуацијата и за укажување помош на граѓаните.

Стотици лица беа евакуирани од своите домови вчера и во Албанија, каде силни дождови предизвикаа поплави, свлечишта и затворање на патиштата. Нема информации за загинати или сериозно повредени.