Економија На Шар Планина, Косово ќе гради ски-центар вреден 410 милиони евра

На Шар Планина, Косово ќе гради ски-центар вреден 410 милиони евра

Во изградба на ски-центарот во Брезовица на Шар Планина. Косово ќе вложи 410 милиони евра, а, според планот, ова треба да стане најмодерен ски-центар на Балканот. Тој се наоѓа на северозападната страна на Шар Планина, на околу 60 километри од Приштина, на надморска висина од 900 до 2.500 метри.

Предвидена е изградба на повеќе од 100 километри ски-патеки, 35 патеки во првата и 25 во втората фаза, речиси 20 ски-лифтови и останата инфраструктура потребна за модерен туризам. Изградбата ќе почне следното лето и ќе трае цели 18 години, поделена во три етапи.

Брезовица е издадена под концесија на 99 години.