Свет Балкан Косово го прогласи Шешељ за персона нон грата

Косово го прогласи Шешељ за персона нон грата

Само неколку дена откако српскиот националист Воислав Шешељ беше ослободен од обвинувањата за воени злосторства, Косово го прогласи за персона нон грата и му забрани влез во земјата.

Слични одлуки донесоа и Хрватска и Босна и Херцеговина.

Шешељ, кој планира да учествува на изборите во Србија што ќе се одржат на 24 април, рече дека сака да ги посети местата во Косово во кои живеат Срби.