Македонија Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се договараат за идното дејствување

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се договараат за идното дејствување

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска ќе одржат состанок на што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието на Република Македонија, информира ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ смета дека Република Македонија може да напредува само доколку законодавниот дом функционира во демократска атмосфера каде што ќе бидат создадени услови за учество на опозицијата и нејзино партиципирање во носењето на законите“, се вели во соопштението.

Пратениците на најголемата опозициска партија истовремено повторно изразија поддршка на нивните колеги и другите граѓани притворени за насилствата во Собранието на 27 април, порачувајќи дека „правото не смее да биде погазено од мотивите за политички прогон“.