Македонија Конгрес на СДСМ: Пендаровски едногласно избран за претседателски кандидат

Конгрес на СДСМ: Пендаровски едногласно избран за претседателски кандидат

Ковачевски рече дека Пендаровски е „вистинскиот претседател за сите граѓани и кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата“

Фото: СДСМ

Едногласно на 27-миот Конгрес, СДСМ го избра кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, соопшти лидерот на СДСМ, нарекувајќи го Пендаровски „вистинскиот претседател за сите граѓани и кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата“.

Фото: СДСМ

„Македонските граѓани сакаат прогрес, стабилност, мир и спокојство, сакаат европска иднина и животен стандард. Тоа го нудат прогресивните политики на СДСМ, кои не се само идеологија, туку единствен начин како општеството и државата да се подобрат и да обезбедат прогрес и просперитет.Нас ни е потребен европскиот стандард, европските вредности и европскиот живот, сега, не во иднина и некогаш. На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи, туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат“, рече Ковачевски.

Со двојната победа на претседателските и на парламентарните избори, рече Ковачевски, СДСМ ќе има претседател на Северна Македонија и Влада со која до 2030 година земјава ќе биде членка на ЕУ.

Од СДСМ соопштија дека денеска биле собрани над 20.000 потписи за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Пендаровски и Силјановска ги собраа потписите за претседателска кандидатура