Дописници Компанијата „Гентерм“ ќе изгради фабрика во Прилеп

Компанијата „Гентерм“ ќе изгради фабрика во Прилеп

Американската компанијата „Гентерм“ денеска ќе почне со изградба на фабрика во технолошко-развојната зона во Прилеп. Вредноста на инвестицијата на компанијата изнесува околу 20 милиони евра.

Во производствениот капацитет на 21.500 квадратни метри се најавени 2.000 вработувања. Во фабриката ќе се произведуваат клима-уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар.

„Гентерм“ е глобална, брзорастечка компанија која произведува електро-уреди за регулирање термална енергија во автомобили.

На означувањето на почетокот на изградбата ќе присуствува премиерот Никола Груевски.