Економија Компаниите од ТИРЗ доставиле предлози за поедноставување на администрацијата

Компаниите од ТИРЗ доставиле предлози за поедноставување на администрацијата

На денешната 24. седница на Економскиот совет на Владата, компаниите што функционираат во технолошко-индустриските развојни доставиле 21 предлог, со кој сметаат дека нивната работа ќе биде поефикасна, а воедно ќе се поедностават одредени административни процедури.

Биле поднесени иницијативи од областа на одредени услуги, понатамошно унапредување во делот на меѓународните трговски договори на Македонија, како и работењето во индустриските зелени зони, лоцирани во општините.

Вицепремиерот Владимир Пешевски истакнал дека компаниите што работат во технолошко-индустриските развојни зони и другите странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски пораст на земјата.