Економија Комисиската расправа за буџетот закажана во 11 часот

Комисиската расправа за буџетот закажана во 11 часот

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет е закажано во 11 часот.

Седницата на која треба да се разгледува предлог-буџетот за 2018 година, почна на 27 ноември, и иако беше неколкупати закажана, досега не се одржа.

Предлог-буџетот за 2018 година тежи 3,4 милијарди евра, буџетскиот дефицит е планиран на 2,7 проценти од домашниот бруто-производ, наспроти 2,9 проценти лани. Министерот за финанасии, Драган Тевдовски, рече дека тоа е за постепено намалување на долгот и за фискална консолидација.

ВМРО-ДПМНЕ и Беса имаат поднесено 270 амандмани за предложениот буџет.