Видео Комби влета во ресторан во Лос Анџелес, девет лица се повредени

Комби влета во ресторан во Лос Анџелес, девет лица се повредени

Девет лица се повредени во Лос Анџелес откако комби се судрило со камионет и влетало во ресторан, јавуваат локалните медиуми.

По несреќата на булеварот Пико, во болница се пренесени осум лица, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес на „Твитер“ и додаде дека деветтото повредено лице е пожарникар, кому не му било потребно хоспитализирање.

Американските медиуми наведуваат дека несреќата ги имала карактеристиките на нападите на исламските екстремисти кои претходно беа изведени во Европа и во Израел.

– Станува збор за сообраќајна незгода, ништо намерно – соопшти поручникот Џим Луис пред полицијата во Лос Анџелес.