Свет Балкан Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер слетаа во Тирана на нова посредничка мисија

Кнут Флекенштајн и Дејвид Мекалистер слетаа во Тирана на нова посредничка мисија

Европратениците Дејвид Мекалистер и Кнут Флекенштајн, кој е специјален известувач на Европскиот парламент за Албанија, денеска слетаа во Тирана за нови средби со власта и со опозицијата, во обид да посредуваат во пронаоѓање излез од политичката криза.

Според планот, првин се предвидени средби со претставниците на власта, а потоа со претставници на опозицијата. Лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, рече дека ќе се сретне со европратениците за да разговара, но нема да отстапи од барањата.

Средбите ќе се одвиваат само еден ден откако опозицијата ги блокираше патиштата за влез во Тирана.