Дописници „Книжевна средба” за творештвото на Влатко Галевски и на Димитрие Дурацовски

„Книжевна средба” за творештвото на Влатко Галевски и на Димитрие Дурацовски

Богатото „Струшко културно лето“ продолжува вечерва со книжевна средба во 20 часот во „Синема кафе“, посветена на Димитрие Дурацовски и на Влатко Гелевски.

Ќе бидат претставени „Бледи сенки – Далечни гласови“ од Дурацовски и „Исповедани финеси“ од Влатко Гелевски.

На средбата за авторите ќе говорат професор д-р Ферид Мухиќ и отец Стефан Санџакоски.

Ден порано, во Струга заврши третото по ред издание на фестивалот за процесирање култура ДРИМOН 3. Почна на 22 јули, а се одржуваше во организација на Здружението ИНКА од Струга.

Организаторите на фестивалот се задоволни од посетеноста, како и од заинтересираноста на младите за алтернативна култура. За најмладите, како што велат, најинтересни биле танц-работилниците, каде децата имале можност вистински да се изразат.