Спорт Кливленд со осум победи во низа

Кливленд со осум победи во низа

Кливленд вчеравечер на свој терен го победи лидерот на Источната конференција, тимот на Торонто. Со тоа ја извојува осмата победа во низа.

Торонто има резултат од 16 победи и од шест порази, додека Кливленд ја забележа 13. победа во 20 одиграни натпревари.

Резултати на ноќешните дуели:

Кливленд – Торонто 105:101, Детроит – Портланд 86:98, Мемфис – Далас 114:105,Њу Орлеанс – Њујорк 104:93, Оклахома Сити – Милвоки 114:101, Феникс – Мајами 97:103, Јута – Сан Антонио 100:96 и ЛА Лејкерс – Сакраменто 98:95.

Вечерва се играат 10 натпреварите:

Шарлот – Бостон, Индијана – ЛА Клиперс, Орландо – Вашингтон, Атланта – Филаделфија, Чикаго – Бруклин, Минесота – Портланд, Далас – Њу Орлеанс, Сан Антонио – Њујорк, Голден Стејт – Хјустон и Денвер – Мајами.