Свет Клинтон и Трамп победија во Аризона

Клинтон и Трамп победија во Аризона

Водечките кандидати на Републиканската и на Демократската партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон, остварија победа на партиските гласања во Аризона.
Британскиот јавен сервис „Би-би-си“ јавува дека главно прашање во предизборната кампања била имиграцијата.

Резултатите од анкетата покажуваат дека антиимигрантската порака на Трамп е добро прифатена кај конзервативните гласачи во Аризона, каде најголем дел од населението се Латиноамериканци.

Аналитичарите велат дека со освојувањето на гласовите во Аризона, поради големината на државата, Трамп и Клинтон можат да ги урамнотежат загубите на другите места.