Дописници Кирацоски: Општина Охрид партиските неистомисленици по казна ги испраќа во Косел

Кирацоски: Општина Охрид партиските неистомисленици по казна ги испраќа во Косел

Општина Охрид партиските неистомисленици ги испраќа во казнена експедиција во селото Косел, обвини дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацоски, откако во Охрид имаше средба со градоначалникот Никола Бакрачески.

– Од една страна, тие немаат никакви задолженија, ниту задачи однапред зададени од секретарот на Oпштина, а од друга страна се оценувани несоодветно и спротивно на законот – рече Кирацоски.

Toj додаде дека откако ќе бидат согледани сите аспекти на случајот и незаконски дејства, ќе бидат преземни и соодветни мерки.

Од локалната самоуправа, секретарот Димитар Спасески и градоначалникот Бакрачески, категорично ги отфрлаат ваквите обвинувања.

– За време на мојот мандат ниту јас, ниту мојот тим, вршел отворени притисоци на вработените во локалната самоуправа и јавните претпријатија за остварување на политички агенди и таквиот тренд ќе се задржи до крај на мандатот – вели Бакрачески.