Свет Балкан Кипар не се откажува од ветото на преговорите на Турција со ЕУ

Кипар не се откажува од ветото на преговорите на Турција со ЕУ

Кипарскиот претседател, Никос Анастасијадес, денеска соопшти дека неговата земја нема да се откаже од ветото што го ставила на преговорите на Турција и на ЕУ за членство, доколку Анкара не го признае Кипар како држава.

Изјавата на Анастасијадес доаѓа по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Турција од Ципрас бара укинување на ветото во замена да се согласи на прифаќање илјадници бегалци и мигранти.

Кипар е поделен во 1974 година, кога Турција окупирала дел од островот по пучот со кој се барало присоединување кон Грција.