Свет Кинез со ментални проблеми избодел 18 луѓе на улица

Кинез со ментални проблеми избодел 18 луѓе на улица

Вкупно 18 луѓе биле избодени со нож на улица во североисточниот кинески град Чангчунг, од страна на 50-годишен маж, за кого полицијата вели дека претходно бил хоспитализиран поради ментални проблеми.

Засега нема починати од овој напад, а сите избодени се во болница во Чангчунг. Полицијата од овој кинески град соопшти дека напаѓачот бил застрелан, а потоа уапсен и дека претходно бил во болница поради нарушување на менталното здравје.

Во последните неколку години, во Кина имаше неколку вакви напади, при кои напаѓачи со нож или со мачети напаѓаа минувачи. Изминатава година еден напаѓач повреди осум ученици пред основно училиште во еден град на северот на Кина.