Свет Кинескиот претседател во историска посета на Велика Британија

Кинескиот претседател во историска посета на Велика Британија

Кинескиот претседател Кси Ѓинпинг денеска стигна во Бакингемската палата во кралски стил – во златна кочија која ја влечеле бели коњи.

Додека со кочијата минувал низ улиците на Лондон, заедно со кралицата Елизабета Втора, имало лица кои предупредувале на состојбата на луѓето во Кина.

Сепак, имало повеќе кои биле собрани да му посакаат добредојде со извици „Кина„, Кина“, надгласувајќи ги противниците.