Свет Кина: Најмалку 91 лице исчезнаа во свлечиште

Кина: Најмалку 91 лице исчезнаа во свлечиште

Најмалку 91 лице се водат за исчезнати откако свлечиште го зафати градот Шенжен на југот на Кина, каде се затрупани 33 објекти.

Кинескиот премиер Ли Кекијанг наредил покренување итна истрага, откако свлечиштето го погодило Шенжен, кој се наоѓа во близина на Пекинг.

Свлечиштето урна повеќекатни згради во индустрискиот дел на градот, што предизвика дополнителен наплив на кал.
Заменик-градоначалникот на Шенжен, Ли Кингшен, рече дека калта прекрила површина поголема од 380.000 квадратни метри, а во некои делови достигнува висина и до десет метри.

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.