Свет Кина ја укинува политиката едно дете по семејство

Кина ја укинува политиката едно дете по семејство

Кинеската комунистичка партија објави дека ја напушта политиката едно дете по семејство. Властите сега ќе ги убедуваат двојките дека може да имаат две деца.

Кина во 1978 година воведе политиката на едно дете, а жените што ќе се оглушеа на законот беа стерилизирани.

Кина е најголемата земја во светот по број на жители, со 1,37 милијарда жители.