Свет Свет Кина годинава ќе биде поголем увозник на гас од Јапонија, поради борбата...

Кина годинава ќе биде поголем увозник на гас од Јапонија, поради борбата со загадувањето

Поради борбата со загадениот воздух, Кина оваа година може да ја надмине Јапонија во увоз на природен гас.

Кина, која е најголем увозник на нафта и јаглен, е трет најголем потрошувач на природен гас, по САД и Русија и 40 проценти од потребите за гас ги подмирува од увоз, бидејќи домашното производство не може да ја задоволи побарувачката.

Кинескиот увоз на гас минатата година надмина 67 милиони тони, што е за една четвртина повеќе од 2016 година. Кина и понатаму каска зад Јапонија, која годишно увезува околу 83,5 милиони тони гас, но кинескиот увоз на овој енерегенс во септември и ноември го надминува јапонскиот.

Според аналитичарите, Кина оваа година ќе стане поголем увозник на гас од Јапонија.

Кина минатата година покрена иницијатива со која се настојува, домаќинствата и бројните индустриски погони да ги насочи, наместо јаглен да користат гас, за да го намали загадувањето на воздухот, што предизвика голема побарувачка и увоз на гас.