Свет Свет Кина го прекинува увозот од Северна Кореја

Кина го прекинува увозот од Северна Кореја

За три недели Кина ќе престане да увезува севернокорејски јаглен, риба и друга стока предвидена со санкциите кои Обединетите нации ги воведено кон Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.

Царинската служба на Кина најави дека од 5 септември на полноќ ќе престанат процедурите што се однесуваат на увоз на стока од Северна Кореја.

„После тоа, увозот на стока ќе биде забранет“, стои во соопштението.

Одлуката на Кина доаѓа во екот на тензиите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, чии лидери изминатите денови разменија закани.

Северна Кореја предупреди дека би можела да испука ракети во насока на американскиот остров Гуам, додека претседателот на САД вети дека Пјонгјанг ќе се соочи со „оган и бес“.

Советот за безбедност на ОН на 5 август усвои резолуција која предвидува воведување нови поостри санкции кон Северна Кореја, откако оваа земја во јули ја лансираше втората интерконтинентална балистичка ракета.

Текстот на документот, кој го предложија САД е усвоен едногласно, а резолуцијата ја поддржа и Кина.

Сепак, кинеските лидери се противат на целосното запирање на трговијата со Северна Кореја, наведувајќи дека тоа би можело да распространување на гладот.