Свет Свет Кина ги обвини САД дека го дестабилизираат Азиско-пацифичкиот Регион

Кина ги обвини САД дека го дестабилизираат Азиско-пацифичкиот Регион

Официјален Пекинг денеска го обвини Вашингтон дека со изјавите и постапките на неговите високи официјални претставници го дестабилизира Азиско-пацифичкиот Регион.

Реакцијата на Кина доаѓаа по денешната изјава на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во Токио дека САД остануваат посветени на американско-јапонскиот договор за одбрана, кој се однесува и на заштитата на суверенитетот на Јапонија над островите Сенкаку, кои официјален Пекинг ги смета за свои и ги нарекува Дјаијо.

Кинеското министерство за надворешни работи, коментирајќи ја изјавата на Матис, истакна дека јапонско-американскиот договор за одбрана е рецидив од Студената војна, кој не треба да ги засега територијалниот суверенитет на Кина и нејзините законски права.

– Ја повикуваме американската страна да манифестира одговорно однесување, да престане со неточните изјави за суверенитетот на островите Дјаијо и да се воздржи од дополнително усложнување на спорот, со што ја дестабилизира состојбата во регионот – соопштија од кинеското МНР.