Свет Балкан Кимпеану именуван за привремен премиер на Романија

Кимпеану именуван за привремен премиер на Романија

Романскиот министер за образование, Сорин Кимпеану, денеска е назначен за привремен премиер на Романија, јавуваат романските медиуми.

Романскиот претседател Клаус Јоханес го именуваше Кимпеану на оваа позиција откако премиерот Виктор Понта вчера си поднесе оставка.

– Ја прифатив оставката на премиерот Понта и решив да го именувам Сорин Кимпенау за привремен премиер. Веќе ги потпишав двете решенија – изјави Јоханес, додавајќи дека денеска и утре ќе одржи консултации со политичките партии во врска со изборот на нов премиер.