Свет Свет Ким Јонг-ун: Северна Кореја има хидрогенска бомба

Ким Јонг-ун: Северна Кореја има хидрогенска бомба

Претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, денеска изјави дека неговата земја, која поседува нуклеарно оружје, мора да го брани својот сувернитет со атомска и so хидрогенска бомба.

Северна Кореја изведе три атомски тестови и тоа во 2006, 2009 и во 2013 година. Поради тестовите, против земјата се воведени меѓународни санкции.

Хидрогенската, водородната или термонуклеарната бомба е бомба чија експлозивна снага се заснова на енергијата што се ослободува при фузија на изотопи на водородот или некои полесни атомски јадра.

Досега ниту една хидрогенска не е употребена во воени цели, но извршени се нуклеарни тестирања.