Свет Свет Киднапиран авион на „Египет Ер“ со 81 патник

Киднапиран авион на „Египет Ер“ со 81 патник

Патнички авион на „Египет Ер“ е киднапиран од засегна непознато лице, јавува „Би-би-си“. Киднаперот го принудил екипажот да го приземји авионот на аеродромот „Ларнака“ на јужниот брег од грчкиот дел на Кипар.

Според информациите, станува збор за авион од тимот „Ербас А320“ на летот МС181, во кој имало 81 патник. Авионот летал од Александрија до Каиро, а бил киднапиран од патник кој носел елек со експлозив.

„Пилотот рече дека патник му кажал дека носи елек со експлозив и го принудил екипажот да слета во Ларнака“, било наведено во соопштението на египетското министерство за цивилна авијација.

Како што пренесува „Би-би-си“, преговорите биле во тек, но, засега немало никакви барања од оние што ја имаат контролата врз леталото.

Повикувајќи се на информации од локални медиуми, британскиот национален сервис јавува дека дел од патниците биле забележани како го напуштаат авионот на аеродромот.