Свет Европа Кери повика на уште посилно спротивставување на тероризмот

Кери повика на уште посилно спротивставување на тероризмот

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Брисел повика на посилна борба против тероризмот и милитантната група Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападите во кои се убиени 31 лице, а повеќе од 270 се ранети.

Официјални американски извори потврдија дека меѓу загинатите се наоѓаат и двајца американски државјани.

Кери им изрази сочувство на граѓаните на Белгија.

Американскиот државен секретар претходно престојуваше во Москва, а во Брисел слета на аеродромот кој по нападите сè уште е затворен за цивилен сообраќај.