Свет Кери подигна знаме на обновената амбасада во Хавана

Кери подигна знаме на обновената амбасада во Хавана

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во посета на Куба, каде повторно го подигна американското знаме на новоотвoрената амбасада во Хавана, кое беше симнато пред 54 години.

За време на посетата, предвидено е Кери да разговара со кубанскиот министер за надворешени работи, римокатоличкиот бискуп на Куба и со избрана група дисиденти.

По заминувањето на Кери, дипломатите што преговараа за повторно отварање на амбасадата ќе се посветат на нова фаза – ширење на економската врска помеѓу двете земји и воведување мерки како директни летови и поштенска линија.

Американците, исто така, сакаат да го решат прашањето со имотите конфискувани по кубанската револуција, додека Куба има свои сопствени барања.