Свет Свет Ќе ги зајакнеме нашите клучни сојузници на Пацификот, порача Белата куќа

Ќе ги зајакнеме нашите клучни сојузници на Пацификот, порача Белата куќа

Ќе ги зајакнеме нашите клучни сојузници на Пацификот, одговори Белата куќа на лансирањето на балистичката ракета од страна на Северна Кореја.

„Нашата порака е дека ќе ги зајакнеме нашите клучни сојузници во пацифичкиот регион, што е дел од нашата стратегија за спречување на растечкото непријателство кое го видовме изминатите години од режимот на Северна Кореја“, изјави советникот во Белата куќа, Стивен Милер за „Фокс њуз“.

Северна Кореја истрела балистичка ракета од базата Бангјон кон Јапонското море. Проектилот поминал 500 километри пред да падне во морето.