Свет Европа Каталонија закажа референдум за отцепување од Шпанија за 1 октомври

Каталонија закажа референдум за отцепување од Шпанија за 1 октомври

Каталонија на 1 октомври годинава ќе одржи референдум за отцепување од Шпанија, најави денеска автономната влада на Каталонија.

Веќе неколку месеци траат засилените тензии со шпанската влада, која вели дека ваквиот референдум е нелегален и дека нема да се одржи.

– Прашањето на референдумот ќе гласи: „Дали сакате Каталонија да стане независна земја во рамки на републиката“ – изјави каталонскиот претседател Карлес Пуидемонт во седиштето на регионалната каталонска влада.

Шпанската влада категорично се противи на отцепувањето, тврдејќи дека тоа е уривање на уставот и најави дека ќе ги искористи сите можни средства за да го спречи одржувањето на референдумот.

Повеќе од 80 отсто од Каталонците се изјаснија за независност во неофицијалното гласање кое се одржа пред три години, додека според гласањето кое е спроведено во март годинава, 48,5 отсто од Каталонците се против, а 44,3 се изјасниле за сецесија.