Свет Кастро: САД треба да го вратат Гвантанамо

Кастро: САД треба да го вратат Гвантанамо

Кубанскиот претседател Раул Кастро побарал од САД, пред двете земји да ги нормализираат односите, да им се врати воената база Гвантанамо, да се укине половековното трговското ембарго кон Куба и со тоа да ѝ се надомести нанесената штета.

Кастро, синоќа на самитот на Заедницата на латиноамерикански и карипски држави, изјави дека Куба и САД работат на воспоставување целосни дипломатски односи, но додаде дека ако „овие проблеми не се решаваат, дипломатско-политичко зближување не би имало смисла.”

– Главниот проблем не е решен: економското, комерцијално и финансиско ембарго, што предизвика огромна штета и претставува кршење на меѓународното право, треба да се прекине – изјави Кастро.

Тој, исто така, рече дека не може да дојде до нормализација додека не се „врати илегално окупираната територија, каде се наоѓа воената база Гвантанамо и додека не се одреди правичниот надомест за нанесената штета.