Свет Картер: Северна Кореја нама шанси да ја победи Јужна Кореја

Картер: Северна Кореја нама шанси да ја победи Јужна Кореја

Северна Кореја нема никакви изгледи за воена победа над Јужна Кореја и над нејзините сојузници, изјави вчера американскиот министер за одбрана Ештон Картер, неколку дена откако се зголеми напнатоста на полуостровот.

– Мораме да ги увериме Севернокорејците дека ќе следи одговор на секоја провокација и дека немаат никакви изгледи да ја победат Јужна Кореја и нејзиниот американски сојузник – рече Картер.

САД имаат клучна улога во одбраната на Јужна Кореја по Корејската војна во 1953 година. Околу 30.000 американски војници се распоредени во земјата.

Северна и Јужна Кореја минатата недела, по дводневни разговори, постигнаа договор за ставање крај на тензиите поради кои полуостровот се најде на работ на вооружен судир.