Македонија Кампањата „ЕУ за тебе“ утре во Радовиш

Кампањата „ЕУ за тебе“ утре во Радовиш

Новиот проект на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, „ЕУ за тебе“, чија цел е да ја подигне свеста и да ја информира јавноста за помошта што ЕУ ѝ ја пружа на земјава, продолжува утре во Радовиш. Тоа е вториот настан, после промоцијата на 27 јануари во Кичево.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, и амбасадорот на Австрија, Ренате Коблер, утре ќе бидат во Радовиш, информира Делегацијата на ЕУ. Главната тема на настанот ќе биде животната средина, бидејќи ЕУ даде 5 милиони евра за прочистителна станица во Радовиш. Проектот е спроведен во соработка со Министерството за животна средина и просторни планирање, Општина Радовиш и Јавното комунално претпријатие „Плаваја“ од Радовиш.

Вкупната помош добиена од ЕУ за животната средина во Македонија изнесува повеќе од 80 милиони евра од програмата ИПА 1 (2007-2013), а со следната, ИПА 2, се планира финансиска помош поголема од 100 милиони евра.