Свет Камерун: Ослободени 900 заложници на Боко харам

Камерун: Ослободени 900 заложници на Боко харам

Меѓународните сили ослободиле 900 лица кои биле заложници на Боко харам, убивајќи повеќе од 100 борци на групата и апсејќи исто толку во последната недела, соопшти владата на Камерун.

Припадниците на Боко харам ги обучувале заложниците од Камерун, Нигерија и од Чад да станат бомбаши-самоубијци, борци и крадци.

Акцијата против екстремистите ја спровеле здружените сили на Камерун, Нигерија, Чад и на Бенин, соопштија властите.
Боко харам се обидува да воведе калифат во Нигерија, како и во делови од Чад, Нигерија и од Камерун, каде припадниците на организацијата убиле стотина лица.