Свет Европа Камерон во вторник ќе ги изнесе предлозите за реформи на ЕУ

Камерон во вторник ќе ги изнесе предлозите за реформи на ЕУ

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, во вторник треба да открие кои се реформите што ги бара од Европска унија, за Велика Британија да остане членка.

Откако на Британците им вети референдум за членство на Велика Британија во ЕУ до крајот на 2017 година, Камерон во вторник ќе ги објави барањата на својата земја во писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Писмото што треба да биде објавено, доаѓа во време кога ЕУ за тоа треба да расправа на состанокот на Европскиот совет, закажан за средината на декември во Брисел.

Британскиот министер за европски прашања, Дејвид Лидингтон, изјави дека не очекува договор помеѓу ЕУ и Велика Британија на состанокот во декември.

Велика Британија сака темелни социјални и економски права во ЕУ и договор помеѓу членките за да можат државите да стекнат поголема самостојност во одлучувањето во институциите во Брисел.