Свет Европа Камерон: Обвинувањата дека сум вмешан во „Панама пејперс“ се болни и невистинити

Камерон: Обвинувањата дека сум вмешан во „Панама пејперс“ се болни и невистинити

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, ги отфрли како „болни и длабоко невистинити“ обвинувањата дека избегнувал да плаќа данок и неговата вмешаност во аферата „Панама пејперс“.

Во обраќањето во Долниот дом на британскиот парламент, Камерон изјави дека неговиот татко основал офшор-компанијата на Бахамите поради инвестициски цели и дека не е точно дека сакал да одбегне да плаќа данок.

– Компанијата „Блејмор холдингс“ е основана по сосема вообичаена процедура, без цел да се избегне плаќање данок – рече Камрон.

Премиерот на Велика Британија се соочува со голем притисок по признанието дека имал удел во офшор-компанија која се спомнува во таканаречените „Панама пејперс“.

Според неговите зборови, тој и неговата сопруга имале удел во компанијата на неговиот покоен татко од 1997 до 2010 година.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, германскиот весник „Зидојче цајтунг“ и повеќе од 100 новинарски организации во светот дојдоа до базата на документи што протекоа од панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“.