Свет Европа Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата

Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата

Британскиот премиер Дејвид Камерон го објави извештајот за исплата на своите даночни обврски кон државата.

Станува збор за даночни исплати во периодот меѓу 2009 и 2015 година, од кои имало две исплати од 100.000 фунти, откако Камерон по смртта на татко му наследил 300.000 фунти.

Објавувањето на даночните листи на премиерот доаѓаат по обелоденувањето на резултатите од анкетата дека мнозинството Британци побараа Камерон да ги објави сите детали од своите даночни исплати кон државата.

Тој е првиот премиер во политичката историја на земјата кој објавува детали за тоа кога и како платил данок, како и на колку од основиците за плаќање на данокот бил ослободен, во настојувањето да ја смири атмосферата во британската јавност, која се разбранува по објавувањето на „Панама пејперс“.