Главна секција Калајџиев повикан на распит во полиција поради учество на протест

Калајџиев повикан на распит во полиција поради учество на протест

Претседателот на Хелсиншкиот комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, Гордан Калајџиев утрово во 9 часот бил повикан на информативен разговор во полиција поради учество на протестите на „Шарената револуција“.

Поканата, како што пишува „Дојче Веле“, на Калајџиев му ја предале полицајци, кои со службено возило го дочекале пред неговиот дом.

– Ова е еден вид автогол на тоталитарната власт. На разговор се повикуваат лица кои се залагаат за правда и правна држава, додека најголемите криминалци се на слобода и под заштита на полицијата. Како причина за поканата за разговор, буквално стои „учество во протести“. Учеството во протест не е уставно забранета категорија. Претпоставувам дека ќе ме товарат за фрлање боја, а мојот одговор ќе биде дека тоа е нужна одбрана на правната држава, бидејќи на граѓаните не им останува друго средство. Таа „штета“ од бојата е симболична и многу помала од државниот удар што и е нанесен на Македонија – изјавил Калајџиев за „Дојче Веле“.