Видео Како изгледа безжичниот интернет

Како изгледа безжичниот интернет

Чарлс Лор, хакер од Мериленд, направи радарски вифи-систем за кој вели дека овозможува да го видите сигналот во својот дом. За тоа користел посебен уред, кој во основа емитувал боја на светлина и прави мапа за јачината на сигналот на одредена локација.

– Компјутерот ги примаше информациите и правеше мапа за јачината на сигналот. Комплетната слика тогаш ја открива варијабилноста на сигналот во просториите. Сината боја покажува каде е сигналот најсилен. Искрено, нè очекував дека мапата ќе биде толку детална – рече Лор.

Дополнително истражувал колку некои препреки, како што се мебел и ѕидови, можат да влијаат врз јачината на сигналот и само потврдил дека местото на рутерот е во центарот на куќата.