Свет Европа Кај Лезбос спасени повеќе од 400 бегалци

Кај Лезбос спасени повеќе од 400 бегалци

Грчките власти спасиле повеќе од 400 мигранти во Егејско Море, а при акцијата едно момче се удавило. Момчето е пронајдено удавено покрај брегот на островот Лезбос иако на себе имало елек за спасување, соопшти грчката крајбрежна стража.

Грчката грајбрежна стража и европската агенција Фронтекс спасиле вкупно 429 бегалци во седум одвоени операции.

Вчера германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека е потребна рамноправна распределба на бегалците во Европа додека европските лидери се подготвуваат за самитот во Малта на кој со своите колеги од африканските земји треба да разговараат за бегалската криза.